Дома Трансфер зона Јунајтед би го пуштил Погба во Реал, ова се условите кои ги поставуваат „ѓаволите“

Јунајтед би го пуштил Погба во Реал, ова се условите кои ги поставуваат „ѓаволите“

Последниот збор ќе го има Солскјер, но изгледа дека тој се обидува да доведе до пресврт кога е Јунајтед во прашање.

Од Англија пристигнуваат нови вести за статусот на Пол Погба. Раиола отпатува во Англија со цел да отвори преговори, иако медиумите не веруваат дека ќе најде соговорник. Во Манчестер сакаат за иднината на Погба да одлучуваат на крајот од сезоната, сега единствено што е важно за овој клуб е тоа да изборат место во топ 4 и влез во Лигата наа шампионите наредната сезона.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Како и да е Солскјер ќе донесе одлука за Погба веројатно под влијание на Сер Алекс за кого не е тешко да се погоди какво мислење има, а познато е и дека Раиола е еден од двајцата луѓе со кои не се поднесува.

Но, Јунајтед ќе постави услови. Наводно, секој договор мора да ги вклучува Бејл и Тони Крос со што би биле одлучени две важни места во тимот и Јунајтед би добил двајца важни играчи. Пари би им останале за стопер, но и да доведат тројца млади играчи, како што веќе кажавме Солскјер сака некој од Ван-Бисак, Џадон Санчо и Даклан Рајс.

Но колку би требало да плати Реал за Погба?

Крос и Бејл според денешните цени на пазарот сигурно вредат окоу 150 милиони евра, се споменуваше сума од 200 милиони, но тешко е да се поверува дека Зидан и Перез ќе прифатат да ја платат таа сума. Зидан инсистира на Погба, сака да се ослободи од Бејл, а и Крос изгледа како да губи мотиви да се бори за место во тимот, па овој „трејд“ не е невозможно.

Од друга страна, Реал според информациите прифатил Погба да биде најплатен со 16 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Јувентус го договори најдобриот голман во Серија А

Според последните информации од Италија екипата на Јувентус за наредната сезона договорила…