Дома Фудбал Јувентус ќе игра пред празни трибини и нема да им ги врати парите на навивачите

Јувентус ќе игра пред празни трибини и нема да им ги врати парите на навивачите

Како што е веќе познато, пет натпреари од италијанската Серија А кои се играат викендов ќе се играат без публика поради опасноста од дополнително ширење на коронавирусот. Помеѓу откажаните натпревари е и дербито помеѓу Јувентус и Интер.

Покрај натпреварите од Серија А без гледачи ќе се одигра и натпреварот помеѓу Интер и Лудогорец во Лигата на Европа.

Јувентус од продажбата влезници за  дербито со Интер според информациите на „Газета дело Спорт“ заработил три милиони евра и тие пари нема да се вратат кај навивачите иако тие нема да бидат во можност да присуствуваат. Раководството на Јувентус наводно одлучило дека не е соодветно клубот да го изгуби приходот поради одлуката на федерацијата.

Од друга страна Интер веќе започна да ги враќа парите на навивачите кои купиле билет за натпреварот со Лудогрец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Окафор го реши Тотенхем за 97 секунди, бура поради стартот на Богл

Лидс славеше со 1-0 и ја прекина серијата без победа, но мечот го одбележа и спорната одлу…