Дома Топ вести Јувентус ја отвори излезната врата за Рамзи и Рабио

Јувентус ја отвори излезната врата за Рамзи и Рабио

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Јувентус ќе прави голема реконструкција по завршувањето на сезоната.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најголеми промени ќе претрпи средниот ред и ведникот тврди дека „старата дама“ ги ставила на продажба Арон Рамзи и Адриен Рабио.

Двајцата пристигнаа како слободни агенти, па Јувентус ќе има чиста заработка од нивните трансфери, а клубот очекува да инкасира помеѓу 60 и 70 милиони евра.

Најголема желба на Пирло е Мануел Локатели од Сасуоло и Хусем Оуар од Лион, а „бјанконерите“ веќе започнаа преговори со двајцата.

Рамзи и Рабио се едни од најплатените фудбалери во тимот, па Јувентус ќе се ослободи од нивните високи плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…