Италијанскиот гигант Јувентус покажува сериозен интерес за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал.
Французинот минатото лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не ги оправда очекувањата на тренерот Те Хаг.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат ова лето, а најсилен интерес за Французинот покажува токму Јувентус кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Марсијал влезе во последната година од договорот, па „црвените ѓаволи“ за неговата слобода бараат 20 милиони евра.
Јувентус најверојатно ќе го продаде Влаховиќ, а Алегри смета дека Марсијал ќе биде идеална замена за Србинот.