Јувентус е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калчомеркато“.
После повредата на Бремер примарна цел на „старата дама“ ќе биде доведување на дефанзивец, а прва желба на Мота е токму Кивиор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кивиор својата афирмација ја стекна во Серија А во дресот на Специја, од каде за 25 милиони евра се пресели во Арсенал.
Меѓутоа, на „Емирати“ не добива голема минутажа, па е спремен да ја промени средината, а Јувентус сака да ја искористи ситуацијата.
„Старата дама“ веќе работи на трансферот и е спремна да понуди 15 милиони евра плус бонуси.