Дома Топ вести Јувентус ја користи ситуацијата – го сака Икарди!

Јувентус ја користи ситуацијата – го сака Икарди!

Сега веќе бившиот капитен на Интер, Мауро Икарди најверојатно ги поминува последните денови во миланскиот гигнат. После одземањето на капитенста траката веќе почна на големо да се зборува за негово заминување од „Џузепе Меаца“.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус. „Бјанконерите“ и минатото лето беа сериозно заинтересирани за неговите услуги, но сепак се решија да го доведат Роналдо.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Му реков на претседателот Ањели дека постојат два начина да го мотивираме тимот. Првиот е да го купиме Кристиано Роналдо, а вториот да го купиме Мауро Икарди и да направиме скандал во Италија“, откри неодамна спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи.

Икарди и понатаму е на радарот на Јувентус и е спремен да плати 110 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клаузула.

Сепак, проблем за „старата дама“ е што откупната клаузула важи само за клубови надвор од Италија, па ќе мораат да седнат на преговарачка маса со лутиот ривал.

Поради тоа овој трансфер е тешко остварлив бидејќи Интер тешко дека ќе сака да го продаде Икарди во редовите на најголемиот ривал и сигурно ќе се одлучи да го продаде во странство.

Понуди за Икарди сигурно ќе има, бидејќи за неговиот потпис се заинтересирани Челзи, ПСЖ и Реал Мадрид, но прашање е колкава ќе биде неговата цена после ваквиот скандал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…