Дома Трансфер зона Јувентус фаворит за потписот на Де Лихт

Јувентус фаворит за потписот на Де Лихт

Дефанзивецот и капитен на Ајакс, Матијас де Лихт од следната сезона би можел да го носи дресот на Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Калчомеркато“ тврди дека Јувентус е фаворит за неговиот потпис, најмногу поради добрите односи со неговиот менаџер Мино Раиола.

19-годишниот Холанѓанец важи за еден од најперспективните дефанзивци во Европа и е голема желба на Барселона, како и на клубовите од Премиер лигата.

Неодамна се појави информација дека Холанѓанецот сака преселба во Барселона, но неговиот менаџер Раиола го убедува да го избере Јувентус.

Ајакс за неговата слобода бара најмалку 50 милиони евра, сума која италијанскиот шампион е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…