Јувентус се вклучи во трката за потписот на бразилскиот талент и ѕвезда на Ботафого, Луис Енрике, пренесува „Газета дело Спорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
18-годишниот крилен фудбалер го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент и е во пол-позиција за неговиот потпис.
Ботафого има големи финансиски проблеми и ќе биде приморан да го продаде Луис Енрике, а Јувентус е спремен да ја искористи таквата ситуација и да го донесе во Торино релативно ефтино.
„Бјанконерите“ следат уште неколку таленти во Бразил, како Кајо Жорже од Сантос, кој важи за еден од најдобрите млади играчи во Бразил, но за него конкуренцијата е многу голема.