Дома Трансфер зона Јувентус тргнува по Ренато Санчез

Јувентус тргнува по Ренато Санчез

Италијанскиот гигант Јувентус е силно заинтересирани за португалскиот репрезентативец, Ренато Санчез.

Португалецот ја „оживеа“ својата кариера во Лил, каде веќе втора сезона игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Санчез играше одлично и на Европското првенство, а откако ја освои титилата со Лил спремен е да направи чекор напред во кариерата.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш и е спремен за неговиот потпис да понуди 30 милиони евра. Од друга страна Лил е спремен да го пушти Португалецот, но не за помалку од 40 милиони евра, па двата клуба наскоро ќе влезат во преговори за да најдат заеднички јазик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…