Раководството на Јувентус е во потрага по напаѓач за следната сезона, а последен во листата желби е напаѓачот на Арсенал, Алесандре Лаказет.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Французинот сигурно ќе ја промени средината ова кето затоа што неговиот клуб повторно нема да обезбеди пласман во Лигата на шампиони.
Челниците на „старата дама“ во Лаказет гледаат идеална замена за аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин, кој е на излезна врата.
Тренерот Сари смета дека Лаказет идеално ќе се вклопи во нападот заедно со Роналдо и Дибала.
Сепак, првата желба на „бјанконерите“ е Аркадиус Милик, а доколку не успеат да го реализираат тој трансфер како втора опција се споменува Лаказет.