Дома Трансфер зона Јувентус спреми 40 милиони за миленикот на Сари

Јувентус спреми 40 милиони за миленикот на Сари

Тренерот на „Старата Дама“, Маурицио Сари верува дека Жоржињо е играчот кој му е потребен во тимот по заминувањето на Емре Чан и лошата форма на Рабио и на Рамси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми тврдат дека Сари повторно ќе се обиде да го купи и со него да го реши проблемот во средината на теренот.

Јувентус сака да му ја исполни желбата и веќе спремил понуда од 40 милиони евра за Жоржињо. Сепак, прашање е дали Челзи ќе дозволи заминување на Италијанецот бидејќи тој е многу важен дел од тимот на Лампард.

Поранешниот играч на Наполи по заминувањето на Сари од Челзи продолжи да игра во добра форма, оваа сезона запиша 7 гола и две асистенции на 37 натпревари во сите конкуренции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…