Јувентус со трансферот на Кристиано Роналдо покажа дека е спремен да ја искористи секоја можност за да донесе голема ѕвезда во Торино.
На „старата дама“ не и сметаше фактот што Роналдо има 33 години, но за следниот голем трансфер имаат друга стратегија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Претседателот Ањели неодамна изјави дека бара „нов Роналдо, кој нема да има повеќе од 25 години“, а италијанските медиуми тврдат дека најголема желба е ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе.
За таа операција Јувентус е спремен да го „жртвува“ Пауло Дибала. Аргентинецит падна во втор план оваа сезона, па „бјанконерите“ се спремни да го продадат за сума помеѓу 100 и 120 милиони евра.
Наводно Јувентус е спремен да плати 100 милиони евра повеќе од сумата која ќе ја инкасира од продажбата на Дибала, за да го добие потписот на Мбапе.
Сепак, прашање е дали ПСЖ ќе се согласи да го продаде младиот Французин за 200 милиони евра, а доколку се реши на таков чекор, тогаш конкуренцијата ќе биде огромна.