Дома Фудбал Италија Јувентус со новите засилувања го напаѓа Интер, Алегри тврди: Ова дерби нема да биде клучно за титулата

Јувентус со новите засилувања го напаѓа Интер, Алегри тврди: Ова дерби нема да биде клучно за титулата

Во финишот од преодниот рок, Масимилијано Алегри доби две засилувања, но пред дербито со Интер има засилувања и од двајца повратници во тимот.

Пред големото дерби утре, Алегри истакна дека не го смета овој натпревар како клучен во битката за титулата, меѓутоа додаде дека со сите сили ќе одат на главниот конкурент за трофејот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во Милано одиме со сите сили. Киеза и Рабио се вратија, тука се и двајцата нови играчи. Џало има мали проблеми, Алкараз денеска ќе го има првиот тренинг, но во Милано одиме задно. Против Интер очекувам одличен меч, добро знаеме колку силен тим имаат.

Навистина се добри, натпреварот ќе биде важен, меѓутоа не и клучен. До крајот на сезоната има уште многу бодови во игра“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…