Раководството на Јувентус сериозно размислува да го продаде напаѓачот Душан Влаховиќ во јануари, пренесуваат италијанските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Влаховиќ беше доведен како големо засилување за 80 милиони евра, но никако да ги оправда очекувањта, па оваа сезона постигна само 5 гола на 14 меча.
Србинот и во текот на летото беше на излезна врата, но не дојде до реализација на трансферот, па Јувентус е спремен да го продаде во јануари.
Сериозен интерес се уште покажува Челзи, но лондонскиот клуб има проблеми со финансискиот ферплеј и ќе мора најпрво да продава играчи.
Јувентус со продажбата сака да обезбеди средства за напаѓачот на Баер Леверкузен Виктор Бонифасе, кој има 14 голови и 7 асистенции во 21 меч сезонава.