Италијанскиот напаѓач Џанлука Скамака минатото лето се пресели во Вест Хем, но може експресно да се врати во Серија А.
Скамака со настапите во Сасуоло се етаблираше во еден од најголемите таленти на Апенините, но во Премиер лигата се уште не може да се адаптира.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ситуацијата будно ја следи Јувентус, кој покажува сериозен интерес и сака на лето да го донесе во своите редови.
Скамака до сега постигна 8 гола во сите натпреварувања, но главно е на клупата за резерви и сака да ја промени средината.
Јувентус во минатото два пати се обиде да го доведе Скамака, но безуспешно, па верува дека сега е вистинскиот момент.