Јувентус изгледа конечно пронајде клуб за Даглас Коста и тоа клубот од младоста на Бразилецот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кога минатиот месец првпат се појави можноста Коста да се гласи во Гремио навивачите на овој клуб беа воодушевени. Потоа се огласи од клубот и соопштија дека финансиите не дозволуваат да размислуваат во тој правец. Но, изгледа дека во последните денови работите се промениле – Даглас Коста е на чекор од Гремиo!
Бразилските медиуми пренесуваат дека утрово бил одржан клупски состанок во Порто Алегри на кој присуствувал и самиот Коста. На состанокот биле најважните луѓе на Гремио и менаџерот кој го застапува фудбалерот на Јувентус, Жорж Машадо.
Нема сомневање дека Јувентус ќе се обиде да се ослбоди од Даглас Коста затоа што на тој начин би се ослободиле и од преостанатите две третини од неговата плата кои ги исплаќаат додека е на позајмица.
Кога во прашање е договорот помеѓу Гремио и Коста остануваат само уште детали. Бразилецот наводно се согласил на значително намалување на платата под услов да добие одредени бонуси од продажбата на неговите дресови и маректиншките акции генерално.