
Јувентус вечерва гостува во Мадрид и ќе има навистина пеколно тешка, за многумина и невозможна мисија да ја анулира предноста на Реал Мадрид од првиот натпревар во Торино 0:3.
Кога станува збор за вечерашните состави, важно е да се спомене дека Реал не ќе може да смета на Серхио Рамос, а Јувентус на Паоло Дибала и Родриго Бенткур. Во првиот состав на Јувентус се очекува да биде и Миралем Пјаниќ кој во првиот натпревар одработуваше суспензија.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
За Кристиано Роналдо ова ќе биде 150 натпревари во Лигата на шампионите и ќе има прилика да дојде до 99 победа со што би станал фудбалерот со најмногу победи во историјата на Лигата на шампионите, во овој момент е изедначен со Икер Касиљас (98).
Реал Мадрид: Навас, Карвахал, Касемиро, Варан, Марсело, Ковачиќ, Крос, Модриќ, Иско, Роналдо, Бензема.
Недостасуваат: Начо (повреда), Рамос (суспендиран)
Јувентус: Буфон, Де Шиљо, Бенатија, Киелини, Алекс Сандро, Кедира, Пјаниќ, Матуиди, Квардадо, Игуаин, Даглас Коста
Недостасуваат: Дибала (суспендиран), Бентакур (суспендиран), Бернанрдески (повреден), Брзаљи (настинка)