Марио Манџукиќ со нетрпение го очекува јануари кога конечно ќе може да заврши неговата агонија во Јувентус.
Хрватскиот напаѓач до неодамна важеше за икона помеѓу навивачите, но со доаѓањето на Маурицио Сари Манџукиќ во целост падна во втор план и извесно е дека ќе го напушти клубот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На Манџукиќ освен што не му е дозволено да тренира со остатокот од тимот сега се појави нова информација која говори за ново понижување од страна на италијанскиот тим кон играчот кој во клубот е од 2015 година.
Реномираниот „Дејли Мејл“ повикувајќи се на извори од Италија пишува дека името на Манџукиќ не се нашло на списокот од 600 гости на претседателот Андреа Ањели за прославата пред новата година.
Очигледно во Јувентус не го третираат Манџукиќ како свој член.