„Газета дело Спорт“ пренесува дека Јувентус ќе прави големи промени во зимскиот преоден рок.
Алегри не е задоволен од средниот ред и му порачал на раководството дека сака засилување на тие позиции.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Артур сигурно ќе го напушти клубот во јануари, а Лидс испрати понуда од 20 милиони фунти за Мекени, која најверојатно ќе биде прифатена.
Прва мета на „старата дама“ во зимскиот преоден рок ќе биде играчот за врска на Монако, Чуамени.
Французинот игра фантастична сезона и веќе е стандарден во репрезентацијата, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Јувентус сака да ја победи конкуренцијата, а Монако за неговата слобода бара 40 милиони евра.