Дома Трансфер зона Јувентус преговара за две засилувања од Сасуоло

Јувентус преговара за две засилувања од Сасуоло

Стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри има јасна стратегија за следната сезона и очекува Јувентус да доведе неколку засилувања, а посебно се истакнува потребата за замена за Паоло Дибала.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите во Италија тврдат дека во Јувентус веќе закажале средба со раководството на Сасуоло и на таа средба ќе се разговара за двајца фудбалери. Според информациите Јувентус сака да ги доведе Џакомо Распадори и Давиде Фратези, играчи кои имаат одлична сезона и голем потенцијал пред себе.

Алегри веќе дал зелено светло за Распадори кој би требало да биде наследник на Дибала. Од друга страна главниот квалитет на Фратези е неговата можност да покрива повеќе позиции во средината на теренот.

Шпекулациите се дека Јувентус за овие засилувања би требало да издвои околу 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…