Дома Трансфер зона Јувентус почна преговори со Миленковиќ

Јувентус почна преговори со Миленковиќ

Дефанзивецот на Фиорентина и српски репрезентативец, Никола Миленковиќ одигра уште една одлична сезона и е на мета на многу европски гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со Фиорентина.

Алегри сака да ја засили одбраната бидејќи не му верува на Демирал, а Киелини е на залез на кариера и често е повреден, па го одредил Миленковиќ како приоритет.

Србинот влегува во последната година од договорот и Фиорентина ќе мора да го продаде ова лето, а Јувентус веќе спремил понуда од 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…