Дома Трансфер зона Јувентус после три години го враќа Црногорецот во Серија А?

Јувентус после три години го враќа Црногорецот во Серија А?

juventus

Црногорецот од редовите на Атлетико Мадрид, Стефан Савиќ како што пренесуваат медиумите се наоѓа во преговори со Челзи и Јувентус, со потенцирање дека во овој момент е поблиску до „старата дама“.

Доколку информациите на Италијанците се покажат како точни, Савиќ би се вратил во Италија после три години односно после летото 2015 година кога за сума од 25 милиону евра евра го засили Атлетико Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Савиќ во Серија А како играч на Фиорентина остави одличен впечаток.

Дека навистина нешто се случува со Савиќ и дека би можел да замине говори и фактот што Атлетико се обидуваше да доведе уште еден играч на Фиорентина, Никола Миленковиќ.

За ситуацијата на Савиќ зборуваше и неговиот агент Жарко Пеличиќ.

„Савиќ е ТОП фудбалер, секогаш е интересен на пазарот. Сигурен сум дека може да игра за било кој од најсилните клубови во Европа. Јувентус? Не би сакал да зборувам за имињата, бидејќи се оди преку клубот. Тој и понатаму е играч на Атлетико, а ќе видиме во наредните денови што е најдобро за него и за клубот“, порача Пеличиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…