Дома Фудбал Италија Јувентус подготви ново изненадување за навивачите (фото)

Јувентус подготви ново изненадување за навивачите (фото)

„Бјанконерите“ им порачаа на навивачите дека би требало да го заокружат 25 јули во своите календари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сигурно дека ништо што Јувентус ќе направи до крајот на летото нема да го надмине трансферот на Кристиано Роналдо но тоа не значи дека клубот од Торино ќе застане со активностите.

Покрај работењето на дополнително засилување на тимот, Јувентус со полна пареа работи и на маркетинг полето.

Имено, на официјалниот сајт на клубот е најавено дека онлајн преку интернет или од официјалните продавници на Јувентус од 25 јули ќе се најде нешто ново.

Јувентус на споменатата дата во продажба ќе пушти црно-бели кошаркарски дрес!

За оние кои помалку се упатени и ќе се запрашаат од каде ваквата идеја, доволно е да се каже дека се работи за глобален тренд кој го користат најголемите европски клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Почнува нокаут – фазата на Мундијалот, познати сите натпревари

Со вечерашниот дуел меѓу Јужна Африка и Канада во 21 часот, започнува нокаут-фазата на Све…