Дома Трансфер зона Јувентус повторно започна преговори за Милинковиќ-Савиќ

Јувентус повторно започна преговори за Милинковиќ-Савиќ

Управата на Јувентус ги обновила преговорите за доведување на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесува „Кориере дело Спорт“.

„Старата дама“ се соочува со големи проблеми на средината на теренот поради повредата на Погба кој според некои прогнози ќе може да му помогне на тимот на почетокот на 2023 година.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Покрај Погба Вистон Мекени го повреди рамото и се соочува со пауза од еден месец. Поради тоа повторно се започнати преговори со српскиот репрезентативец.

Проблем во преговорите може да претставува претседателот на Лацио кој не сака да го пушти Савиќ за оштета помала од 60 милиони евра. Челниците на Јувентус ќе се обидат да ја спуштат цената, но ќе видиме дали ќе успеат или на крајот ќе се откажат од Савиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…