Дома Трансфер зона Јувентус планира да ја активира клазулата и за малку пари да го донесе Милик

Јувентус планира да ја активира клазулата и за малку пари да го донесе Милик

Според пишувањето на француски Л’екип, Јувентус сака да ја активира откупната клазула во договорот на Милик.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Полскиот напаѓач имаше несогласувања во Наполи, па во јануари премина во Марсеј. Испратен е на позајмица од 18 месеци со обврска за откуп на неговиот договор за осум милиони евра.

Меѓутоа, француски Л’екип тврди дека постои клазула според која Марсеј може да го продаде ако добие понуда од 12 милиони евра и Јувентус на лето ќе ја активира таа клазула.

Со оглед дека ќе се прави ремонт во екипата на Јувентус, доаѓањето на Милик за тие 12 милиони евра се смета добар потег на Старата дама.

Милик оваа сезона одигра осум натпревари за Марсеј и постигна три гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …