Раководството на Јувентус и напаѓачот Паоло Дибала иако веќе со месеци преговораат се уште не постигнале договор за продолжувње на соработката.
Спорна точка е висината на платата. Јувентус со новиот договор му нуди плата од десет милиони евра, Дибала бара 15 милиони што е двојно повеќе од она што сега го добива.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ако Дибала и Јувентус не се договорат до крајот на оваа сезона, играчот ќе биде продаден на лето бидејќи влегува во последната година од договорот.
Дибала оваа сезона е во втор план кај Пирло, па „бјанконерите“ се спремни да го продадат за да финансираат трансфер на нова ѕвезда во нападот.
Интерес за Аргентинецот во моментов покажуваат Манчестер Јунајтед и Тотенхем.