Без разлика каков исход ќе има жалбата на Пол Погба за четиригодишната суспензија, на Јувентус потребни му се неколку засилувања на средината од теренот.
На оваа тема пишуваше „Газета дело Спорт“ која откри дека спортскиот директор на „старата дама“, Кристијано Џунтоли го следел натпреварот помеѓу Реал Сосиедад и Пари Сен Жермен поради неколку потенцијални засилувања.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден од фудбалерите кои биле на неговиот радар е Микел Мерино кој има договор со Сосиедад до летото 2025 годин, па постои сериозна можност Италијанците да го добија по пониска цена.
„Газета“ исто така пишува дека Џунтоли со големо внимание ја следел играта на Робин Ле Норман кој игра како централен дефанзивец, но и на Фабијан Руис од редовите на ПСЖ.
И покрај тоа се наведува дека приоритет на Јувентус во овој момент е фудбалерот на Аталанта Теун Компмајнерс за кого е заинтересиран и Ливерпул. Холанѓанецот вреди околу 60 милион и евра, а Јувентус е спремен на Аталанта да го понуди Матијас Суле кој игра како позајмен фудбалер во Фросиноне.