Јувентус сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок во битката за Скудетото, а главна мета е Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Англичанецот влезе во расправија со тренерот Тен Хаг и јасно е дека нема да добива голема минутажа, па е спремен да ја промени средината.
Најсилен интерес за него покажуваше Борусија Дортмунд, но „милионерите“ се откажаа бидејќи се загрижени за неговата дисциплина.
Јунајтед сака по секоја цена да се ослободи од Санчо и е спремен да го пушти на позајмица плајќајќи дел од неговата плата.
Таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус, кој е спремен да го доведе Англичанецот во јануари на позајмица со можност за откуп.