Дома Топ вести Јувентус не запира, договори две нови засилувања

Јувентус не запира, договори две нови засилувања

Јувентус е исклучително активен на трансфер пазарот, а пред самиот крај договори две нови засилувања.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено,  Јувентус постигнал договор за ангажман на Нико Гонзалез од Фиорентина и Франсиско Консеисао од Порто.

Консеисао првата сезона ќе ја игра како позајмен играч, Јувентус за истото ќе плати 7 милиони евра, но ќе нема обврска да го откупи неговиот договор следното лето.

Вредноста на трансферот на Аргентинецот изнесува околу 38 милиони евра, а се очекува Гонзалес да потпише петгодишен договор со Јувентус, со годишна плата од 3,6 милиони евра, тврдат италијанските медиуми.

Гонзалес помина три години во Фиорентина откако пристигна од Штутгарт за 24,5 милиони евра. За клубот одигра 125 натпревари, постигнувајќи 38 голови и 19 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…