Едно е сигурно, дека Кристијано Роналдо во Јувентус ќе донесе дополнителен квалитет, со што ќе се зголемат шансите за атак на шампионската титула во Лигата на шампионите, но тоа не е никаква гаранција, тврди Лотар Матеус.
„Старата дама“ во последните четири години, двапати беше дел од финалето во елитното натпреварување, но ниту еднаш не го подигна трофејот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Роналдо е во поодминати години. Тој исто како и Јувентус верувам дека ја посакува Лигата на шампионите. Таму тој може да ги покаже своите квалитети, а Јувентус може значително да се доближи до врвните тимови, но дека во кругот на гиганти е само поради Роналдо, тоа не е точно“, вели Матеус.
Португалецот, денес е најавено да го има своето деби за црно-белиот дрес во мечот против Киево во рамки на италијанската Серија А.