Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна цел на Јувентус следното лето ќе биде засилување во нападот.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Алваро Мората е на позајмица од Атлетико Мадрид и како што стојат работите нема да биде откупен бидејќи „бјанконерите“ не сакаат да доплатат додатни 40 милиони евра.




Шпанецот две сезони е на позајмица во Јувентус и за тоа „старата дама“ плати 20 милиони евра, но за откуп на договорот треба да доплати додатни 40 милиони евра.




Италијанските медиуми тврдат дека „Старата дама“ не е спремна да ја плати таа сума со оглед на формата на Мората и ќе бара нов напаѓач.
Прв на листата желби е уругвајскиот напаѓач од Бенфика, Дарвин Нуњес.