Дома Фудбал Италија Јувентус нема да го казни Роналдо, Португалецот не планира да се извини

Јувентус нема да го казни Роналдо, Португалецот не планира да се извини

Репрезентативната пауза дојде во вистинско време за Јувентус, за да се смират страстите околу скандалот кој го направи Кристиано Роналдо во дербито со Милан.

Португалецот беше изваден од игра во 54-та минута, а тој демонстративно го напушти теренот без да се поздрави со тренерот. Притоа, медиумите известија дека го напуштил стадионот пред да заврши мечот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тоа е против клупските правила на Јувентус, па било кој друг фудбалер да го направеше ова сигурно ќе добиеше жестока казна, но не и Кристиано Роналдо.

Јувентус молчи за целата ситуации и не смее ништо да преземе, а медиумите на Апенините денес известија дека сигурно нема да има казна за Роналдо. Од друга страна на Роналдо не му паѓа на памет да се извини.

Роналдо моментално е со португалската репрезентација и во клубот се надеваат дека до неговото враќање ситуацијата ќе се смири. Тогаш сигурно ќе има состанок помеѓу Роналдо и Сари, на кој ќе присуствуваат и Килеини и Буфон.

Меѓутоа, ситуацијата не може да биде како порано. Доколку Сари повеќе не го менува Роналдо ќе го загуби авторитетот во соблекувалната, а во спротивно доколку Роналдо повторно вака реагира клубот ќе мора да пресече.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…