Eкс-италијанскиот голгетер, Aнтонио Касано го критикуваше Јувентус и српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ.
Поранешниот репрезентативец кој своевремено беше дел од Милан, Интер и Реал Мадрид тврди дека Јувентус не се променил премногу со доаѓањето на Мота на местото на Алегри.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Касано во минатото го нарече Алегри „ѓубре“ ,а таков став има и за Мота.
„За Алегри зборував дека е ѓубре. И се уште мислам така. Сега по шест натпревари на Мота на клупата морам да го кажам истото и за него. Ви кажав дека Јувентус нема да биде помеѓу првите четири екипи во лигата, ситуацијата е полоша отколку што беше. Го почитувам Мота, но не ме убеди со ништо“.
Не го штедеше ниту српскиот напаѓач.
„Влаховиќ не го сакам, тој е хистеричен нема лице. Не знае што да прави и само се жали на одредени работи“, изјави Касано.