Раководството на Јувентус и напаѓачот Паоло Дибала иако веќе со месеци преговораат се уште не постигнале договор за продолжувње на соработката.
Спорна точка е висината на платата. Јувентус со новиот договор му нуди плата од десет милиони евра, Дибала бара 15 милиони што е двојно повеќе од она што сега го добива. „Старата дама“ не е спремна да му понуди таков договор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ако Дибала и Јувентус не се договорат до крајот на оваа сезона, веќе следното лето Јувентус сигурно ќе го стави на продажба Аргентинецот.
Дибала ќе влезе во последната година од договорот, а интерес за него покажуваат ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.