Дома Фудбал Италија Јувентус може да изненади: „Старата дама“ подготвува чудни и необични дресови (ФОТО)

Јувентус може да изненади: „Старата дама“ подготвува чудни и необични дресови (ФОТО)

juventus

Торински Јувентус со години е препозналив по својата црно-бело комбинација.

Дресовите со овие бои ја прават препозналива „старата дама“, но „бјанконерите“ во текот на годините имаа огромен број интересни резервни варијани кои привлекувале внимание.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Така оваа сезона покрај стандардните црно-бели дресови торинскиот гигант игра во сива и црна комбинацијата, а во претходните сезони гледавме розеви, зелени и сини гарнитури на дресови.

Од наредната сезона Јувентус би можел да не изненади со уште некоја гарнитура на дресови. Сериозно се размислува за дрез без линии, а посебно за чудни резервни веријанти.

Ако судиме според фотографиите на друштвените мрежи можеме да очекуваме многу нови работи. Има навистина интересни идеи, но и такви за кои навивачите на Јувентус се надеваат дека нивните играчи нема да се појават во такви дресови.

Се на се, Јувентус очигледно сака да направи голема промена. Па многу веројатно ќе ги гледаме во нови комбинации. Како и оваа сезона спортската опрема ќе биде дизајнирана од „Адидас“.

Некои дресови навистина изгледаат интересно и различно. Дали навистина ќе дојде до вакви промени ќе видиме во текот на летото, но за навивачите сигурно е поважно како ќе биде завршена оваа сезона и како ќе се одработи летниот преоден рок во кој пред се клубот од Торино мора да работи на одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер јунајтед доби „корпа“: Ливерпул бесплатно ќе се засили со голема ѕвезда!?

Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е при крајот на неговиот договор и за неколку недели може д…