Дома Фудбал Италија Јувентус – Милан: Италија не можеше да посака подобро враќање на фудбалот!

Јувентус – Милан: Италија не можеше да посака подобро враќање на фудбалот!

Фудбалот во Италија се враќа на најдобар можен начин и тоа со натпревар достоен за оваа пригода, прв натпревар по долгата пауза предизвикана поради пандемијата со КОВИД-19. Иако се работи за Купот на Италија, сепак е полуфинале и тоа меѓу Јувентус и Милан.

Милан пропушти победа на првиот натпревар

Традиционалните италијански ривали Јувентус и Милан ќе го играат возвратниот полуфиналниот втор натпревар од Копа Италија во Торино, откако во Милано уште во месец Февруари беше 1:1.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На првиот натпревар на 13-ти февруари, Милан беше на секунди од победа. Сепак Роналдо со гол од пенал во 91-та минута ги постави конечните 1:1, откако уште во 61-та минута Ребиц постигна гол за водство на домаќинот. Беше тоа цврст но одличен меч со многу борба и трчање, а за тоа говори и црвениот картон на Хернандез во 71-та минута.

Јуве имаше проблеми и за време на карантинот

Ова е прв меч по долго време и за двете екипи. Јуве е фаворит, но по една така голема и долга пауза во која немаше ниту тренинзи, кој може да знае како ќе реагира дури и еден тим како Јувентус. И не само на овој меч, туку и и наредните дуели на Јуве без разлика на противниците ќе бидат на некој начин целосна енигма од обложувачки аспект.

Поминаа повеќе од три месеци откако Јувентус последен пат одигра натпревар. Тие веќе неколку недели тренираат под будното око на Маурицио Сари, но како изгледаат нивните соодветни нивоа на фитнес е целосно непознато. Сите беа на различно место за време на карантинот во Италија. Некои отидоа дома во нивните матични земји, други останаа во Италија. Некои играчи, особено Пауло Дибала и Даниеле Ругани, имаа поважни работи за кои требаа да се грижат откако им беше дијагностициран вирусот КОВИД-19. Но сега ќе недостасува единствено Игуаин, иако под знак прашалник е фитнесот токму на двајцара Дибала и Ругани.

Прекинот дојде во добар момент за Милан

Слична е ситуацијата и во тимот на Милан, каде работите се одвиваа исто како и во Јуве. Но Стефано Пиоли нема да може да смета на Златан Ибрахимовиќ поради неговата суспензија што е голем проблем за тимот. Швеѓанецот заработи и повреда на тренинзите. Црвениот картон на Тео Хернандез значи дека и тој нема да настапи на овој возвратен меч од Купот, а без настап ќе останат и Кастељо и Дуарте.

Но можеби паузата беше добредојдена за Милан. Тие пред прекинот на шампионатот влегоа во лоша форма и забележаа само една победа на последните седум натпревари. Освен тоа загубија од Џенова која се бори за опстанок и тоа на домашен терен во последниот натпревар. Од таа гледна точка, можеби паузата беше добредојдена за консолидација на своите редови.

Анализира: Јовица Симоноски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …