Агентот на Шиме Врсаљко откри дека Јувентус и Наполи се силно заинтересирани за неговиот клиент.
Врсаљко моменатлно не добива голема минутажа во Атлетико Мадрид и е спремен да ја промени средината, па најверојатно повторно ќе се врати во Италија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Десниот бек на хрватската репрезентација веќе има искуство во Серија А каде настапуваше за Џенова и Сасуоло, а во зимскиот преоден рок беше пред трансфер во Наполи.
„Позицијата десен бек е најбарана во светот, Наполи и Јувентус се во потрага по квалитетен десен бек, но тоа е случај кај многу европски клубови. Затоа Врсаљко не направи трансфер во јануари“, изјави агентот Џузепе Рисо.
„Шиме ја сака Италија, но и Премиер лигата е привлечна за сите. Не знам дали Атлетико сака да го продаде, бидејќи нема да биде лесно да најде да најде замена“, додаде агентот.