Офанзивниот фудбалер на Челзи, Кристиан Пулишиќ би можел да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.
24-годишниот Пулишиќ не е задоволен од својот статус во Челзи и малата минутажа која ја добива, па сака да ја промени средината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус, кои сакаат да го доведат во јануари.
Двата клуба ќе се обидат да го доведат на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.
Челзи многу се засили во овој преоден рок, сака да го доведе уште и Тросар, па е спремен да го пушти Пулишиќ.