Дома Трансфер зона Јувентус и Интер се борат за потписот на Белерин

Јувентус и Интер се борат за потписот на Белерин

Италијанските гиганти Јувентус и Интер се заинтересирани за десниот бек на Арсенал, Хектор Белерин, пренесуваат медиумите на Апенините.

25-годишниот Шпанец скоро целата своја кариера ја помина во Арсенал, но веќе е уморен од недостатокот на амбиција на клубот и сака да ја промени средината за да се бори за трофеи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус и Интер можат да му понудат редовно да се натпреварува во Лигата на шампиони, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Оваа сезона Белерин одигра само 16 меча за Арсенал, па „топџиите“ се спремни да го пуштат доколку пристигне примамлива понуда. Шпанецот има долг договор со лондонскиот клуб, а неговата цена се движи помеѓу 20 и 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“ од Италија: Рома сака големо засилување од Јувентус

Eкипата на Рома предводена од Даниеле де Роси наводно покажала голем интерес за доведување…