Јувентус е спремен да му предложи на Атлетико Мадрид интересна трампа, пренесуваат медиумите на Апенините.
„Старата дама“ сака да им го предложи на „јорганџиите“ Даглас Коста, а за возврат да го добијат потписот на Томас Парти, пренесува „Калчомеркато“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Даглас Коста не влегува повеќе во плановите на тренерот Сари и „бјанконерите“ сакаат да се ослободат од Бразилецот. Во последните денови се пишиуваше дека Јувентус го предложил Бразилецот на Манчестер Јунајтед како дел од трансферот на Погба, но „црвените ѓаволи“ ја одбиле таа понуда.
Меѓутоа, интерес за Даглас Коста покажува Атлетико Мадрид, па Јувентус сака да ја искористи таа ситуација и да донесе некој играч од шпанскиот клуб.
Најпосакувана опција за Јувентус е играчот за врска Томас Парти, но тешко дека Симеоне ќе се откаже од играч кој е исклучително важен.
Како втора опција се споменува дефанзивецот Стефан Савиќ, кој е на излезна врата од Атлетико Мадрид и сака да се врати во Серија А.