Како што пренесуваат италијанските медиуми, Јувентус и Арсенал се пред комплетирање на интересна трампа на дефанзивци.
Спортскиот директор на „старата дама“, Фабио Паратичи е во Лондон и имал средба со „топџиите“ бидејќи е заинтересиран за десниот бек Хектор Белерин.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Белерин и самиот најави дека сака да ја промени средината, а Арсенал нема да му стои на патот и ќе го пушти во Торино.
За возврат „топџиите“ го побарале Даниеле Ругани, кој е на излезна врата од Јувентус и нема против да се пресели на „Емирати“.
„Скај Италија“ пренесува дека трампата е начелно договорена и во следните денови треба да се договорат последните детали.