Хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ во јануари скоро сигурно ќе го напушти Јувентус.
Маурицио Сари не смета на Хрватот, а тоа беше јасно и кога не го пријави за настап во Лигата на шампионите. Манџукиќ беше блиску до трансфер во Катар, но тој трансфер пропадна во последен момент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега тој тренира одвоено од екипата и во јануари ќе побара нов клуб.
Италијанските медиуми пишуваат дека Манџукиќ кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед и дека се согласил на договорот кој му го нудат „црвените ѓаволи“. Но, клубовите се уште не се договориле за оштетата.
Јувентус не смее да го продаде Манџукиќ за сума помала од 5.3 милиони евра поради Финансискиот фер плеј. Сепак, тешко е да се верува дека Јувентус ќе го пушти Манџукиќ за толку мала сума. Очекувањата се да заработат помеѓу 10 и 15 милиони евра.