Јувентус вчера беше поразен во дербито против Интер, а по натпреварот тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри истакна дека од самиот почеток Интер го гледал како прв фаворит за Скудетото.
Интер сега има четири бода пред Јувентус на врвот на табелата, но и натпревар помалку од „старата дама“, па така таа разлика лесно може да биде седум бода.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Првото полувреме беше изедначено, тие постигнаа гол, а ние пропуштиве тоа да го направиме преку Влаховиќ.
Во второто полувреме се играше по отворено и беше повеќе забавно за навивачите. Тие беа опасни од контра. Мораме да се подобриме, но истовремено и да им честитам на своите играчи.
Во јуни не очекувавме дека ќе бидеме во ваква ситуација. Задоволни сме како ни оди, лути сме поради поразот, меѓутоа јасно е дека Интер е фаворит сезонава. Ако останеме блиску до крај, добро е, а и Милан се бори, па кој знае, ќе видиме што ќе се случува“, изјави Алегри.