Дома Фудбал Лига на шампиони Јувентус иако отпишан си најде ново место во четвртфиналето, Сити по безбедниот резултат од првиот меч патува во следната фаза (ВИДЕО)

Јувентус иако отпишан си најде ново место во четвртфиналето, Сити по безбедниот резултат од првиот меч патува во следната фаза (ВИДЕО)

И кога сите го отпишаа Јувентус, италијанскиот состав направи одличен потег, задавајќи последен удар вреден четвртфинале во ЛШ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Екипата на Јувентус славеше против Тотенхем преку пресврт со 1:2, откако имаше отворен резултат по првиот меч кој заврши со резултат 2:2. На „Вембли“ резултатот го отвори Сон, а потоа Игуаин и Дибала се запишаа во листата стрелци за ново четвртфинале на „Старата дама“.

Манчестер Сити пак, иако загуби, лесно и рутински влезе во реваншот против Базел, со оглед на тоа дека од првиот меч понесе предност од 4:0. Гостите од Базел славеа вечерва на „Итхад“ со 1:2. Резултатот го отвори Жезус во 8. минута а Елиоуноуси израмни веќе во 17. минута. Победничкиот погодок беше дело на Ланг во 71. минута, иако веќе се беше залудно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бразилците шокирани: На списокот на Бразил немаше место за напаѓачот кој даде 20 гола во Премиер лигата!

Нејмар ќе биде дел од 26-те играчи кои ќе го претставуваат Бразил на Светското првенство в…