Раководството на Јувентус започнало преговори со Манчестер Јунајтед за евентуален трансфер на Дони ван де Бек во јануари, пренесуваат италијанските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Холанѓанецот минатото лето пристигна на „Олд Трафорд“, но не успеа да го покаже својот потенцијал во првата сезона и често ја грееше клупата за резерви.




Иако силно се шпекулираше дека ќе го напушти клубот ова лето, сепак Ван де Бек одлучи да остане и да се бори за место во тимот.




Меѓутоа, неговиот агент потврди дека Холанѓанецот е спремен да ја промени средината во јануари, а Јувентус сака да ја искористи ситуацијата.




Алегри не е задоволен од играта на Рамзи и Мекени, па како примарна трансфер цел го посочил 24-годишниот Холанѓанец.




„Старата дама“ започнала преговори со Манчестер Јунајтед и го сака играчот на позајмица со можност за откуп на крајот на сезоната.