Дома Топ вести Јувентус замената за Бонучи ја пронајде во Дортмунд

Јувентус замената за Бонучи ја пронајде во Дортмунд

Јувентус вчера во шокантен трансфер остана без лидерот во одбраната, Леонардо Бонучи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бонучи за 40 милиони евра потпиша за големиот ривал, Милан. Навивачите, а и бројни поранешни играчи на Јуве не може да поверуваат дека трансферот навистина се случи и со неверување го гледаа Бонучи како си заминува за Милан.

Како што се шпекулира, заминувањето на Бонучи претходело со повеќемесечно несогласување со тренерот Алегри.

Сепак, изгледа дека Јувентус веќе ја пронајде замената. Стоперот на Борусија Дортмунд, Сократис Папастатопулос е на пат за Торино, секако, доколку можеме да веруваме на пишувањата на медиумите.

Конечната цена се уште не е позната, но се знае дека „Старата дама“ за неговите услуги ќе се бори со Арсеанл и Челзи, екипи кои исто така се заинтересирани за неговите услуги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…