Дома Фудбал Италија Јувентус донел одлука – го казнил Влаховиќ!

Јувентус донел одлука – го казнил Влаховиќ!

Напаѓачот на Јувентус и српската репрезентација Душан Влаховиќ скапо ќе го плати црвениот картон што го доби на натпреварот против Џенова.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тимот од Торино во 29. коло како домаќин одигра натпревар без голови, а Влаховиќ во самата завршница заработи исклучување. Влаховиќ прво доби жолт картон за прекршок во напад, а потоа протестираше и во 30-тина секунди доби и втор, па натпреварот го заврши предвреме.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри веднаш по натпреварот изјави дека не е задоволен од Влаховиќ и неговото однесување на теренот, а „Газета дело спорт“ сега наведува дека Србинот е строго казнет.

Јувентус одлучил да му одземе 5 отсто од платата на Влаховиќ, што не звучи многу, но се работи за сума од 70.000 евра.

Во меѓувреме, најдобриот стрелец на Јувентус ќе ги пропушти двата пријателски натпревари на Србија. Поради проблем со болки во грбот нема да игра против Русија во Москва и Кипар во Лимасол.

Поради суспензијата во Јувентус ќе го пропушти и гостувањето кај Лацио во Рим. На тој меч Алегри нема да може да смета на уште еден напаѓач Аркадиуш Милик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо се сѐ повеќе поврзува со Реал – конечно го прекина молкот и ги коментираше шпекулациите

Жозе Мурињо ги негираше медиумските гласини кои го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид. Н…