Дома Топ вести Јувентус договори големо засилување за јануари!

Јувентус договори големо засилување за јануари!

Трансферот на Родриго Бентакур во Јувентус е завршена работа, откако „старата дама“ ги договори сите детали со Бока Јуниорс.

Медиумите тврдат дека Бока Јуниорс и Јувентус ги договориле сите детали околку трансферот, па младиот плејмејкер ќе го засили италијанскиот шампион во јануари.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бентакур има 19 години, игра на позицијата играч за врска и е дел од младата уругвајска репрезентација. За него инетерс покажаа многу европски гиганти, но „бјанконерите“ имаа опција први да преговараат за негов трансфер.

Имено, Јувентус на аргентинскиот клуб ќе му плати 10 милиони евра за потписот на Бентакур, но Бока Јуниорс ќе има 50% од следната продажба на играчот.

Постои можност Бентакур да пристигне во Јувентус во јануари и да биде испратен на 6-месечна позајмица во некој италијански клуб или да остане во Бока Јуниорс до следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…