Бразилскиот репрезентативец Лука Пакета на лето би можел да се врати во Серија А, после кратката епизода која ја имаше во Милан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пакета блесна во дресот на Лион и ова лето направи трансфер во Вест Хем за 50 милиони евра.
Меѓутоа, Бразилецот се вклопи во сивилото на „чеканите“ кои имаат лоша сезона и се борат за опстанок во Премиер лигата.
Поради тоа сака да ја промени средината, а најсилен интерес за него покажува Јувентус, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Тренерот Алегри е голем симпатизер на неговите квалитети, а „бјанконерите“ се спремни да понудат 30 милиони евра за неговиот потпис.