Дома Трансфер зона Јувентус го прави Дибала втор најплатен играч во Серија А

Јувентус го прави Дибала втор најплатен играч во Серија А

Јувентус сака по секоја цена да го задржи Пауло Дибала во тимот и ги обнови преговорите за продолжување на соработката.

Актуелниот договор на 27-годишниот Аргентинец истекува во јуни 2022 година, а „бјанконерите“ сакаат долгорочно да го задржат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двете страни подолго време преговараа и не можеа да најдат заеднички јазик околу финансиските детали, па преговорите беа ставени во „мирување“.

Масимилиано Алегри сака по секоја цена да го задржи Дибала во тимот и му порачал на раководството да го продолжи договорот со Аргентинецот.

Италијанските медиуми откриваат дека Јувентус му понудил плата од 10 млиони евра плус бонуси, со што Аргентинецот ќе стане втор најплатен фудбалер во Серија А.

Сега се очекува одговор на Дибала, кој првично бараше договор со кој ќе заработува 12 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…